English (United Kingdom)Македонски (Macedonian)Albanian

Reno Мадраци

PDFПечатиЕ-пошта

Reno Мадраците се единици со голема површина и мала дебелина. Направени се од хексагонална (шестоаголна) мрежа произведена од двојно навртена челична жица, достапни се во различна големина и димензии.
Мадраците се полнат со камења на местото на поставување. Reno Мадраците се поделени на повеќе ќелии со помош на внатрешни прегради-дијафрагми.

Употреба

Ваквите единици главно се наменети за заштита и обложување на брегови кај канали и реки каде имаат значителна структурна функција.

Жица

Жицата која се користи за производство на мадраците може да биде:
-челична жица, длабоко обложена со цинк (Zn)
-челична жица, длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al)
-челична жица, длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al) и обложена со слој на PVC
Сите мадраци се порабени со жица со поголем дијаметар од оној на мрежата. Ова овозможува дополнително зајакнување на структурата.
Комбинацијата од Цинк и Алуминиум резултира со подобрени механички својства и микроструктура на жицата. Ваквата жица е порезистентна на корозија и за два до три пати подолготрајна од жицата обложена само со Цинк. Жицата може да биде обложена со слој на ПВЦ за целосно елиминирање на ризикот од корозија.

 

Карактеристики

Со употреба на Reno мадраците се формираат флексибилни, пропустливи и монолитни структури.
Нивната дренажна способност е креирана преку празнините помеѓу камењата со кој еден мадрак е наполнет.