English (United Kingdom)Македонски (Macedonian)Albanian

Terramesh® Систем

PDFПечатиЕ-пошта

Terramesh® and Green Terramesh®

Terramesh® е модуларен систем за армирање на земја. Предната страна (лицето) на единицата се формира со поврзување на задниот поклопец и дијафрагмата со главната единица. Со ова се добиваат правоаголно обликувани келии кои се полнат со камења.
Green Terramesh® е пријателски кон околината модуларен систем за армирање на земја. Ваквиот систем е составен од: мрежа од двојно навртена челична жица, геосинтетик или биодеградабилно ќебе за контрола на ерозијата, заварена челична мрежа и 2 обликувани челични прегради кои го даваат аголот на косината.

Употреба

Овој систем наоѓа примена во изработката на потпорни структури кај патиштата, насипи кај депонии, звучни бариери, насипи кај реки и заштита од одрони.
Димензијата на единиците и нивните елементи (преградите кои го формираат аголот на косината) зависат од барањата на проектот.

Жица

Жицата од која се изработува мрежата на Terramesh® единицата е челична, длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al) и обложена со слој на PVC.
Сите единици се порабени со жица со поголем дијаметар од оној на мрежата. Ова овозможува дополнително зајакнување на структурата.

 

Карактеристики

  • Структурите изработени со Terramesh® систем се долготрајни и безбедни и во целост ги задоволуваат строгите интернационални барања.
  • Инсталацијата на системот може да биде лесно и брзо направена дури и од неискусен тим над кој што е направена соодветна обука.
  • Подготовката на земјата се врши со стандардна опрема.
  • Се овозможува лесно и континуирано формирање на лицето на насипот што пак придонесува кон естетско прилагодување на опкружувањето.