English (United Kingdom)Македонски (Macedonian)Albanian

Мрежа за заштита од одрони

PDFПечатиЕ-пошта

Mрежата од двојно навртена челична жица се користи како завесен систем кој спречува паѓање на карпи и други остатоци кај патиштата и железниците.

Употреба

Ваквите мрежи наоѓаат примена во заштита на патишта, железнички пруги и згради покрај карпи како и во комбинација со ровови и/или ѕидови.
Типичната апликација е кај карпи чија површина може да се распадне на делови со големина не помала од отворот на мрежата и дијаметар не поголем од 50см.
Кај умерено стрмни падини или онаму каде е можно развивање на вегетација, мрежата за заштита од одрони треба да биде инсталирана што поблизу до површината.
Кај многу стрмни и вертикални карпи, мрежата за спречување на одрони се остава да лежи слободно на косината на тој начин овозможувајќи на одроните да паднат помеѓу мрежата и карпестата стрмнина во нејзината основа.
Исто така од голема важност е и инсталирањето на безбеден и континуиран систем од анкери на врвот и основата на косината, кој ќе овозможи лесно чистење на насобраниот одрон во основата на стрмнината.

Жица

Жицата која се користи за производство на мрежата може да биде:
-челична жица, длабоко галванизирана со цинк (Zn)
-челична жица, длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al)
-челична жица, длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al) и обложена со слој на PVC
Жицата од која се изработува мрежата за спречување на одрони може да биде со различен дијаметар.
Сите мрежи се порабени со жица со поголем дијаметар од оној на мрежата.

 

Карактеристики

Мрежата од двојно навртена челична жица е идеално решение поради нејзината флексибилност во секој правец како и поради спречување на ширење на дефектот при евентуално кинење на жицата.
Ова беше голем проблем кај мрежите произведени од жица со едно навртување.