English (United Kingdom)Македонски (Macedonian)Albanian

Steelgrid систем

PDFПечатиЕ-пошта

Steelgrid системот е еволуција на типичниот едноставен завесен систем за спречување на одрони.
Овој систем е направен преку комбинирање на мрежа од двојно навртена челична жица и челични јажиња вткаени во жицата во процесот на нејзиното производство.
Кај моно ориентираниот Steelgrid геокомпозит мрежата е порабена со осум милиметарски челични јажиња и едно јаже по нејзината средина поставено парарелно на рабовите.
Двојно ориентираниот Steelgrid геокомпозит покрај вака поставените челични јажиња содржи и трансверзално поставени челични јажиња кои значително ја зголемуваат отпорноста на појава на деформација, со што се зголемува и нивото на безбедност на системот.
На овој начин се создаваат безбедносни полиња/единици лоцирани помеѓу четири анкери.

Употреба

Заштита на инфраструктура и градби лоцирани блиску до природни или пресеци во карпи направени од човекот.
Ваквиот систем обезбедува стабилизација на карпести површини кои содржат потенцијално нестабилни карпи чија големина е помеѓу еден и еден и половина метар кубен.
Овој начин на заштита влегува во групата на активни системи за заштита од одрони.

Жица

Жицата која се користи за производство на мрежата е челична жица длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al)

Карактеристики

Мрежата од двојно навртена челична жица е идеално решение поради нејзината флексибилност во секој правец како и поради спречување на ширење на дефектот при евентуално кинење на жицата.
Комплетниот систем е составен од анкери, челични јажиња и мрежа од челична жица.
Поврзувањето на лонгитудиналните челични јажиња со анкерисаните јажиња дава крутост на системот и подобро искористување на функцијата на анкерите.