English (United Kingdom)Македонски (Macedonian)Albanian

Челични влакна за армирање на бетон

PDFПечатиЕ-пошта

Употребата на челичните влакна доведува до нови и подобрени механички карактеристики на бетонот.

Влакната се само уште една компонента во изработката на бетонот покрај водата, песокот, чакалот, цементот и адитивите.ж

Однесувањето на вака армираниот бетон во многу ќе зависи од типот, геометријата, количината и квалитетот на влакната, како и од квалитетот на другите компоненти во бетонот.

Во некои апликации, како на пример кај подните плочи традиционалното армирање со железо може целосно да биде заменето со употребата на челичните влакна.

Челичните влакна имаат апликација во повеќе полиња и тоа:

Подни плочи. Споредено со традиционалното армирање, употребата на челичните влакна доведува до:

  • целосна замена на традиционалната железна арматура,
  • редукција на слабите точки во плочата, што се должи на еднаквата распространетост по целиот волумен на плочата,
  • зголемување на отпорноста од удар,
  • редукција на дебелината на плочата,
  • брза, побезбедна и поекономична инсталација,
  • зголемување на полињата преку редукција/елиминација на дилатационите споеви

Примери за ваква апликација на челичните влакна: магацини, индустриски хали, аеродромски плочи и писти, бетонски патишта, поправки на бетон, фундаменти, комерцијални подови, паркинзи и гаражи итн.

Префабрикувани бетонски елементи.

  • издржливост на воден притисок и притисок од товар којa го надминува стандардот за изработка со традиционална железна арматура,
  • редуцирање на комплексното дизајнирање на детали, што е случај при употреба на железна арматура,
  • редукција на оштетувањата настанати за време на вадење од калапот,
  • еднаква распространетост по целиот волумен на бетонскиот елемент,
  • редукција на оштетувањата настанати за време на манипулацијата и транспортот на елементите,
  • зголемена отпорност на циклусот замрзнување/одмрзнување,
  • редукција на пукнатините во раната фаза на зацврстување,
  • скратување на времето на отстојување во калапот,
  • потенки производи со задоволувачка цврстина и карактеристики.

Примери за ваква апликација на челичните влакна: монтажни објекти, резервоари, бетонски цевки, прагови кај пруги, колектори за вода (кај патишта), кровни елементи итн.

Тунели. Како армирачки елемент во прсканиот бетон или во изработката на префабрикуваните бетонски елементи за финалниот слој.
Предности во употребата кај прсканиот бетон:

  • подобрена цврстина,
  • редуцирање на пукнатините при сушење на бетонот,
  • нема потреба од инсталатери на арматурната мрежа со што се намалува ризикот по безбедноста поради ненадеен колапс на сводот,
  • редукција на дебелината на бетонот,
  • се намалува времето за изработка на тунелот.


Предности во употребата кај префабрикуваните тунелски елементи:

  • подобар естетски квалитет,
  • подобра механичка цврстина поради индустријализираниот производствен процес,
  • подобрено производство поради делумна или целосна елиминација на кафезите со железна арматура,
  • зголемување на отпорноста од оштетување при транспорт и поставување,
  • намалување на дебелината на бетонот,
  • со додавање на синтетички влакна значително се зголемува отпорноста од оштетувања/деформации при пожар.


Додавањето на челичните влакна во бетонскиот агрегат може да биде направено во фабриката каде агрегатот се произведува или пак на објект каде се додаваат директно во мешалката за бетон.