English (United Kingdom)Македонски (Macedonian)Albanian

Систем на дозирање

PDFПечатиЕ-пошта

Употребата на челичните влакна е доста едноставна.
-Прв чекор е додавање на влакната во бетонскиот микс.
-Втор чекор е да оставиме влакната да се распределат хомогено низ целиот микс.
Типичното време на мешање на влакната е една минута за еден кубен метар бетон.
-Трет чекор е додавање на адитиви за подобрување на обработливоста на бетонот.

За помали проекти влакната се испорачуваат во пакети кои се истураат во миксерот за бетон на самото место на изведба.
Кај поголемите проекти времето на додавање на влакната и нивната распределба во бетонскиот микс е критично.
За таа цел се нудат системи за дозирање на влакната кои можат да функционираат независно или целосно да се интегрираат во постоечките производни процеси во бетонската база.

Истурањето на бетонот се врши со традиционални техники и опрема. Ваквиот бетон може да биде истурен директно од миксерот или преку пумпање.
Споредено со нормално армираниот бетон, бетонот кој содржи челични влакна покажува минимална и незначителна разлика во својата обработливост.
На крајот се изведуваат конвенционалните техники за финална обработка на подот.