English (United Kingdom)Македонски (Macedonian)Albanian

ХДПЕ геомембрана - Macline

PDFПечатиЕ-пошта

Macline е геомембрана за хидроизолациски апликации, произведена од ХДПЕ (полиетилен со висока густина). Заради исполнување на специфичните потреби на проектите за хидроизолација, истата може да биде произведена:

  • мазна од двете страни
  • мазна од едната и рапава од другата страна
  • рапава од двете страни
  • армирана со ткаен геотекстил заради механичка заштита

Употреба

Macline геомембраната се употребува во следниве хидроизолациски апликации:

Заштита на површинските води:

  • Депонии за индустриски и комунален отпад,
  • Базени за нафта,
  • Резервоари за течности кои ги загрозуваат површинските води,
  • Резервоари за чиста или загадена вода,

Хидраулички инженеринг:

  • Хидроизолација на резервоари со питка и вода за наводнување,
  • Хидроизилација  кај насипи, пондови и речни корита,
  • Хидроизолација на канали,

Градежништво:

  • Хидроизолација на бетонски структури и нивна заштита од агресивни супстанции,

Карактеристики

Macline геомембраната содржи чист полиетиленски полимер не помалку од 97% од својот состав, и баланс на јаглен, антиоксиданти и термални стабилизатори не поголем од 3% .
Производот не содржи пластификатори или други додатоци кои би можеле да мигрираат со текот на времето, што обезбедува трајно задржување на карактеристиките на мембраната.