English (United Kingdom)Македонски (Macedonian)Albanian

Дренажни геокомпозити

PDFПечатиЕ-пошта

Дренажните геокомпозити се префабрикувани дренажни производи кои директно ги заменуваат конвенционалните дренажни агрегати.

Употреба

Ваквите производи наоѓаат примена во конструкцијата на патиштата и железничките линии, дренажа на ѕидови и подруми, носачи (потпорни ѕидови) кај мостови, стрмни косини, тунели, депонии и слично.



Овие материјали се состојат од:

-Јадро за транспорт на водата.
Јадрото може да биде изработено од два сета на парарелни ребра од полиетилен со висока густина -MacDrain N, интегрално поврзани, или од тродимензионални полипропиленски еднородни влакна -MacDrain W и MacDrain M.

-Материјал за филтрирање.

Еден или два слоја на неткаен полипропиленски или полиетиленски геотекстил.

-Полиетиленска мембрана со мала густина како замена за еден слој на геотекстил, во случаи кога производот треба да биде водонепропусен.

Предности од користењето на дренажни геокомпозити:

  • Овозможува и задржува висок проток на вода и гас, одржувајќи ја стабилноста на почвата,
  • Одбирање на геокомпозит кој ќе одговара на специфичните почвени услови и барања,
  • Робустноста дава превенција од дупнување и кинење за време на инсталацијата,
  • Ги одделува и штити структурите од материјалот за исполнување,
  • Мала тежина и лесни за манипулација
  • Производство во  контролирана средина што овозможува континуирани перфоманси на производот,
  • Инсталација со помалку луѓе и опрема, за разлика од традиционалните дренажни инсталации,

Дренажниот геокомпозит треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Да биде робусен,
  • Да го преживее проектираниот век на структурата,
  • Геотекстилот мора да ја филтрира почвата и да овозможи проток на водата до јадрото,
  • Геотекстилот не смее да се деформира премногу и да го спречи протокот,
  • И геотекстилот и јадрото треба да бидат отпорни на хемикалии и бактерии.