English (United Kingdom)Македонски (Macedonian)Albanian

Бариери за заштита од одрони

PDFПечатиЕ-пошта

Бариерите за заштита од одрони се направени од комплексен систем на панели од челични јажиња, слој на мрежа од континуирана двојно навртена челична жица, челични јажиња поврзани со структурални елементи, уреди за дисипација/распределба на енергијата и анкери.

Употреба

Заштита на инфраструктура и градби лоцирани блиску до природни или пресеци во карпи направени од човекот, како и во случаи на многу диви карпести гребени.
Овој начин на заштита влегува во групата на пасивни системи за заштита од одрони.

Карактеристики

Овој систем може да прими ударна енергија од 500-5000 kJ.
Бариерите можат да бидат инсталирани на било каков тип на карпа или почва.
Формата на овие бариери ги прави идеални за користење кај степенести камени падини и овозможува користење на пократки анкери.
Ваквиот систем бара мало одржување, тој е лесен и брз за инсталација.