English (United Kingdom)Македонски (Macedonian)Albanian

Flex Mac DT

PDFПечатиЕ-пошта

Flex Mac DT е решение за итни интервенции и превенции при поплави.

Употреба:

FlexMac® DT се користи за брзо градење на бариери за заштита на имотот од надојдената вода при поплави. Се полни на лице место со користење на локално достапните материјали (земја,песок).

FlexMac® DT е 40 пати побрз за изградба од традиционалните вреќи со песок. Главни апликации за употреба на FlexMac® DT се при:

• поплави
• вонредни работи на реки
• свлечишта и контрола на ерозија или вонредна состојби
• реставрација на брегови
• итни вонредни работи на брани
• крајбрежна ерозија
• заштита на растенија и магацини
• обезбедување на базени за талог складирање
• контрола каде што почвата попушта

 

Карактеристики:

Flex Mac се ќелии направени од хексагонална (шестоаголна) мрежа произведена од двојно навртена челична жица, обложени со неткаен геотекстил минимум 250гр/м2. Засилени се со вертикални челични прачки со дијаметар од 4,9мм. Доаѓаат во најразлични димензии.